Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на ПСЖ е разочарано од Кристоф Галтие и планира да го отпушти на крајот на сезоната, а како негова замена се споменуваат четири тренери.
Еден од нив е Жозе Мурињо, кој е заинтересиран за работата, но во моментов му оди одлично во Рома која е на добар пат да се бори за титулата во Лига Европа.
ПСЖ ја следи ситуацијата и со Микел Артета, кој се бори за трофејот во Премиерлигата, но си ја искомплицира битката во изминатите кола.
Уште две имиња се споменуваат како потенцијални кандидати за тренерската работа, а тоа се Тиаго Мота и Џулијан Нагелсман кој се откажа од идејата да го преземе Челси и сега е отворен за преговори со парижаните.