Реал Мадрид сака по третпат да го врати Зидан

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно разговарал со францускиот тренер Зинедин Зидан за да го ангажира по третпат во шпанскиот гигант.

Засега иднината на Карло Анчелоти е неизвесна, односно зависи од тоа дали шпанскиот клуб ќе ја освои титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), откако ја загуби битката на сите други фронтови.

Перез веќе го контактирал Зидан и му го понудил тренерското столче во случај Анчелоти да си замине од клубот.

Зидан досега двапати ги тренираше „кралевите“, и тоа во период од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година, при што трипати ја освои ЛШ.