Незадоволство во Мадрид: Фудбалер ги пакува куферите и си оди од Реал


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид летово ќе прави реконструкција на екипата, па дел од фудбалерите ќе си заминат од клубот, а еден од нив би можел да биде Алваро Одриозола.

Одриозола оваа сезона настапи на пет меча и одигра само 81 минута и поради тоа е незадоволен, па на крајот на сезоната сака да си замине од клубот.

Десниот бек не добива шанса кај тренерот Карло Анчелоти, а за неговите услуги се заинтересирани неколку клубови.

Одриозола во минатото се поврзуваше со тимови како Јувентус, Рома и други, но летово ќе видиме кој ќе испрати конкретна понуда до „кралевите“.