Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очекуваше да настапи на Ју-Ес Опен и Синсинати, но најверојатно и понатаму ќе биде потребна вакцина за влез во САД.
Ѓоковиќ одби да се вакцинира и тоа најверојатно значи дека не може да заигра на турнирите во САД, откако и на почетокот на годината пропушти неколку турнири поради истото правило.
Засега одлуката не е официјална, но се шпекулира дека ќе биде потврдена најдоцна до 11 мај, кога беше најавено дека ќе има промени во однос на забраната за влез на невакцинирани странски државјани.