Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои 23. гренслем-титула во кариерата на турнирот Ролан Гарос, но интересно е тоа што обложувалниците не му ја даваат фаворитската улога.
Обложувалниците му даваат поголеми шанси на талентираниот Карлос Алкараз, кој игра во одлична форма во изминатиот период, па коефициентот за него е 2,5, додека за Ѓоковиќ е 3,5.
Алкараз во моментов е на втората позиција на АТП-лигата, а сезонава запиша дури 27 победи и два порази.