Вардар на колена во Битола: Пелистер направи чекор кон титулата


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Ракометарите на Пелистер триумфираа во дербито против Вардар со 26-23 во дуелот за титулата во македонската ракометна Суперлига.

Пелистер со оваа победа создаде предност од три бодови пред вечниот ривал на само две кола до крајот на плејофот и само чудо ќе го спречи да не ја освои титулата.

Доколку ја задржи предноста, Пелистер ќе стане шампион на Македонија по седми пат во историјата, односно за првпат по пауза од 18 години.