Тројца фудбалери на Реал Мадрид остануваат без договор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид потпиша нови договори со дел од фудбалерите во изминатиот период, но меѓу нив не се Марко Асенсио, Дани Себаљос и Начо Фернандез.

Тренерот Карло Анчелоти сака да ги задржи тројцата фудбалери, но не може да им даде голема минутажа, а токму тоа го бараат дел од нив.

Себалјос и Начо бараат поголема минутажа од Анчелоти во следната сезона, а доколку не добијат гаранција за тоа, тогаш ќе си заминат од клубот.

Асенсио веќе води преговори со Реал Мадрид, но тој не сака поголема минутажа, туку поголема плата од „кралевите“.