Анчелоти имаше што да каже за судијата кој го „изгоре“ Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид одигра 1-1 против Манчестер сити, но на социјалните мрежи се појави доказ дека шпанскиот гигант бил оштетен во дербито, по што следеше реакција од тренерот Карло Анчелоти.

Тренерот на Реал Мадрид кажа дека голот што го примиле од „граѓаните“ не бил регуларен, откако топката излезе во аут пред акцијата на Гундоган и Де Брајне.

„Топката беше надвор. Не велам јас, туку технологијата го покажа тоа. Можевме да победиме и со 1-0, тоа немаше да смени премногу, но овие детали играат пресудна улога. Судијата не беше многу внимателен. Ми даде жолт картон, а јас не играв“, вели Анчелоти.