Вардар ќе се бори против Пелистер за трофејот во Купот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар беа подобри од Алкалоид со 31-22 во денешното полуфинале и така се избори за битка против Пелистер за трофејот во македонскиот Куп.

Мартин Томовски беше одличен на голот на вардарци, кои на полувреме имаа водство од 14-9, со кое ја најавија победата против екипата на Кире Лазаров.

Дејан Манасков постигна дури 12 голови за Вардар, додека Серафимов постигна шест погодоци за Алкалоид.

Во сабота се игра финалето меѓу Вардар и Пелистер во Охрид и ќе се решава за титулата.