Арсенал подготвува „чистка“ во летниот преоден рок


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал ја загуби битката за титулата во Премиерлигата, иако голем дел од сезоната помина на врвот на табелата, па затоа летово се чека ремонт во лондонскиот гигант.

„Експрес спорт“ вчера објави дека Џака ќе замине од „Емирати“, иако оваа сезона настапи на 35 натпревари во Премиерлигата.

Тренерот Микел Артета сака да избрка и дел од другите фудбалери, а тоа се Фоларин Балоган, Рајс Нелсон, Емил Смит-Роу, Киеран Тирни, Алберт Самби Лконга, Нуно Тавареш, Роб Холдинг и Ејнсли Мејтланд-Најлс.

Како нови засилувања на „топчиите“ се споменуваат Муса Дијаби од Баер Леверкузен и Деклан Рајс.