„Бараа од мене со Интер да играме во осминафинале, а погледнете каде сме сега“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Интер вчера славеше и вторпат против Милан во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) и го обезбеди своето прво финале по пауза од 13 години.

Тренерот Симоне Инѕаги кажа дека управата од него побарала да стигне барем до осминафиналето, но благодарение на одличните настапи има можност да се бори за титулата.

„Горд сум што сум дел од овој тим. Пред 19 месеци побараа од мене да обезбедиме осминафинале, но оваа сезона е неверојатна. Игравме со силни противници и заслуживме место во финалето“, кажа Инѕаги.