Анчелоти ја призна грешката – ова мора да биде животна лекција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карло Анчелоти збесна по поразот од Валенсија и не сакаше да зборува за фудбалските случувања на теренот бидејќи навивачите расистички го навредуваа Винисиус Жуниор.

Италијанецот ги критикуваше навивачите на Валенсија и ја опиша „Месталја“ како место на кое владее расизмот, а ова предизвика бура во Шпанија.

Анчелоти денеска ја призна грешката и им се извини на останатите навивачи на Валенсија, кои не го навредувале Бразилецот.

„Сите сме загрижени и тажни поради тоа што се случи во неделата. Сметам дека е добро што сите зборуваат за оваа тема. Ова е животна лекција за сите, ова е добра шанса да тргнат работите на подобро“, вели Анчелоти.