Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Олимпискиот комитет на Косово побара Меѓународниот олимписки комитет да отвори дисциплинска постапка против Новак Ѓоковиќ откако го обвини дека ги зголемил политичките тензии со неговата порака „Косово е Србија“.
Ѓоковиќ поради таа порака нема да биде казнет од страна на Ролан Гарос, чии организатори соопштија дека тоа не ги прекршува правилата на турнирот.
„Ѓоковиќ уште еднаш ја промовираше српската националистичка пропаганда и го користеше спортот како платформа за да го направи тоа. Бараме казна за Новак“, велат од олимпискиот комитет на Косово.