Алушовски е нов тренер на амбициозниот Охрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот македонски ракометар и тренер на Вардар, Стевче Алушовски по двегодишна пауза се враќа во македонската Суперлига и ќе го тренира амбициозниот Охрид.

Алушовски потпиша тригодишен договор со Охрид, кој во изминатите денови донесе неколку талентирани ракометари и сака да обезбеди место во европските купови следната недела.

„Среќен сум што се враќам во македонскиот ракомет. Ни претстои тешка работа на сите во тимот за да го кренеме на повисоко ниво“, кажа Алушовски.

Алушовски како тренер работеше во Пелистер, Еурофарм Работник и Вардар, а потоа работеше и во Тор Акурејри од Исланд.