Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проектот за европска Суперлига полека, но сигурно заминува во историјата затоа што од него се повлече и Јувентус, кој ги известил Реал Мадрид и Барселона дека не сака повеќе да биде дел од организирањето на ново натпреварување.
Италијанските медиуми пишуваа дека Јувентус добил закана од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) за суспензија, по што следела одлуката за напуштање на европската Суперлига, но тоа го демантираше „Старата дама“.
Во моментов Барселона и Реал Мадрид се единствените тимови кои сакаат да создадат ново натпреварување, а УЕФА се обидува да ги спречи во намерата.