„Моето срце чука за Манчестер сити, ќе навивам за Гвардиола во финалето на ЛШ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро ќе го следи финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Манчестер сити и Интер.

Агуеро е вистинска легенда на „граѓаните“ бидејќи постигна 184 гола на 275 одиграни меча за премиерлигашот.

Во разговор со медиумите, Агуеро кажа дека ќе навива за Манчестер сити во финалето на ЛШ.

„Дојдов во Истанбул да им дадам поддршка на сите во тимот. Овој пат се надевам дека ќе го освојат трофејот. Кога ќе го погледнам тимот, гледам победнички менталитет. Оваа сезона играат неверојатно“, вели Агуеро.