Алкараз откри како се распаднал против Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го загуби дуелот против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос.

Алкараз даде голем отпор во првите два сета, по што заработи повреда и следните два ги загуби со по 1-6.

Шпанскиот тенисер се соочи со грчеви на целото тело, а во разговор со новинарите откри дека главна причина за тоа била нервозата и тензијата која ја чувствувал пред натпреварот.

„Прво почувствував грч во раката, а потоа низ целото тело. Не беа само нозете, туку имав грчеви по цело тело. Ми беше тешко да се движам во третиот сет. Неверојатно, ова е последица на Ѓоковиќ. Не е лесно да се игра против него“, вели Алкараз.