Манчестер сити за првпат стана европски првак (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер сити за првпат стана европски шампион, откако вечерва славеше со 1-0 против Интер во финалето на Лигата на шампиони.

Интер одигра солидно прво полувреме во кое ги неутрализира нападите на Манчестер сити, а Андре Онана беше на висина на задачата.

Почетокот на второто полувреме донесе неколку шанси, но ниту една не беше искористена, додека првиот гол падна во 68. минута, кога Родри погоди за 1-0.

Интер имаше шанси да израмни, но Ромелу Лукаку не искористи одлична шанса во завршницата од натпреварот.