Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Голгетерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд е четврти фудбалер во историјата кој станал најдобар стрелец во Премиерлигата и Лига на шампиони (ЛШ) во иста сезона.
Вакво нешто досега им успеа на тројца фудбалери на Манчестер јунајтед, и тоа Кристијано Роналдо, Руд Ван Нистелрој и Двајт Јорк.
Халанд оваа сезона одигра 53 меча во сите натпреварувања и притоа постигна 52 гола, од кои 36 во англиското првенство и 12 во ЛШ.
Манчестер сити воедно ја освои тројната круна, откако ги освои ЛШ, Премиерлигата и ФА-купот.