Познато зошто Куртоа го напушти тренингот на Белгија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Белгискиот голман Тибо Куртоа го напушти тренингот на неговата репрезентација во пресрет на квалификациите за европското првенство, а медиумите објавија дека причина за тоа е што бил лут поради капитенската лента.

Фудбалскиот сојуз на Белгија потврди дека Куртоа го напуштил тренинг-центарот, а нема да настапи ниту на мечот против Естонија во вторник.

Куртоа, кој одигра 102 меча за Белгија, наводно бил вознемирен од одлуката да ја загуби капитенската лента и поради тоа не сака да брани за неговата селекција.

Белгија е втора во групата Ф со четири бода од два меча, додека Австрија е прва со еден меч повеќе и три бода разлика.