Француска легенда тврди: Прашање е на време кога Мбапе ќе потпише за Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе неодамна кажа дека не сака да ја продолжи соработката со ПСЖ до јуни 2025 година, а тоа предизвика шпекулации дека наскоро би можел да се пресели во Реал Мадрид.

Мбапе и пред неколку години беше блиску до Мадрид, но тогаш се премисли и остана на „Паркот на принцовите“, меѓутоа легендарниот Флорен Малуда смета дека младиот напаѓач еден ден ќе го облече „кралскиот дрес“.

„Прашање е на време кога Мбапе ќе потпише за Реал Мадрид. Има желба да игра за тој тим кој му е омилен од детството. Нема да ме зачуди ако се случи тоа набрзо“, вели Малуда.