Шкрињар промовиран во ПСЖ: Ова е еден од најдобрите тимови во светот!

Францускиот шампион ПСЖ потпиша договор со дефанзивецот Милан Шкрињар, кој денеска беше промовиран како ново засилување на екипата.

Шкрињар потпиша договор до 30 јуни 2028 година и кажа дека е среќен што се преселил во еден од најдобрите тимови во светот.

„Многу сум среќен што сум дел од оваа екипа. ПСЖ е еден од најдобрите тимови во светот, играчите се од светска класа и има фантастични навивачи“, кажа Шкрињар.