Јувентус го ангажира човекот кој го донесе Елмас во Наполи

Поранешниот италијански шампион Јувентус го претстави новиот спортски директор Кристијано Џунтоли, кој доаѓа во Торино по осум години поминати во Наполи.

Џунтоли е еден од најзаслужните за тоа што Наполи го освои Скудетото и тоа е човекот кој ги донесе најголемите ѕвезди во Неапол, меѓу кои е и Елиф Елмас.

Новиот спортски директор на Јувентус ќе работи со својот нов помошник Џовани Мана, кој ќе треба да изгради моќен тим за враќање на тронот.