Ц. Звезда ќе биде страв и трепет: Кошаркар на Чикаго булс се пресели во Белград

Српскиот шампион Црвена Звезда летово ќе се обиде да изгради моќна екипа со која ќе се обиде да ја врати доминацијата во АБА-лигата и да се избори за подобар резултат во Евролигата.

Екипата од Белград се засили со кошаркар од Чикаго булс, а станува збор за српскиот интернационалец Марко Симоновиќ.

Симоновиќ треба да биде замена за Филип Петрушев, кој треба да се пресели во НБА-лигата, каде што во моментов настапува за Филаделфија во Летната лига.