Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ славеше против Андреј Рубљов со 3-1 во сетови и се пласира во полуфинале на Вимблдон, а сега се појавија нови детали за неговиот меч против Хуберт Хуркач.
Натпреварот против Хуркач го играше два дена поради „полицискиот час“. Сепак, во ноќта меѓу паузата и продолжение на дуелот, Ѓоковиќ го вклучил алармот во својот тим и барал итно решение од Горан Иванишевиќ.
Хуркач имал дури 33 асови и 80 отсто од освоените поени на својот сервис, па поради тоа Ѓоковиќ призна дека се чувствувал мизерно и лошо на теренот.
Иванишевиќ во 1 часот по полноќ му испратил порака на задолжено лице за видео-материјалот и сакал да види забавени снимки од враќањето на сервисот на Ѓоковиќ.