Вардар се засили со Владица Брдаровски!

Македонскиот репрезентативец Владица Брдаровски повторно ќе го носи дресот на Вардар, за кого играше во период од 2015 до 2020 година.

Брдаровски претходно за „црвено-црните“ настапи на 152 натпревари, освои четири титули и беше дел од историскиот пласман на Вардар во Лига Европа.

„Време е за нови победи и титули во дресот на големиот Вардар. Добредојде назад Брда“, објави најтрофејниот македонски клуб.