Ѓоковиќ испрати моќна порака по поразот, па заплака: Ќе бидам посилен во иднина!

Новак Ѓоковиќ загуби од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, по што имаше емотивен момент за време на неговата изјава.

Ѓоковиќ беше тажен затоа што не ја освои 24. гренслем-титула во кариерата, меѓутоа нема да се предаде и ќе се бори за нови пехари.

„Му честитам на Карлос, покажа квалитет и заслужено победи. Не верував дека може да ме победи на трева, но ми докажа дека не е така. Не е убаво чувството да се загуби, но ќе бидам посилен во иднина“, кажа Ѓоковиќ.