Потрес во Мадрид: „Ѓаволите“ сакаат да украдат ѕвезда на Реал


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Реал Мадрид во минатото често ангажираше фудбалери од Манчестер јунајтед, меѓу кои беа Кристијано Роналдо, Руд Ван Нистелрој и Дејвид Бекам.

Манчестер јунајтед, исто така, купуваше од Мадрид и досега ги ангажира Рафаел Варан и Анхел Ди Марија, а сега би можеле да добијат уште едно засилување.

Ова би можел да биде проблем за Карло Анчелоти, како што пишува „Ел Насионал“, бидејќи Јунајтед испратил понуда за Давид Алаба.

„Ѓаволите“ бараат нов централен дефанзивец по најавата дека ќе го продадат Хари Мегваер, а тренерот Ерик Тен Хаг смета дека Алаба е вистинскиот избор за неговиот тим.