Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Советот на Град Скопје со 34 гласа „за“ и еден воздржан изгласа финансиска помош за најтрофејниот македонски клуб Вардар.
Со колку пари градот ќе му помогне на Вардар треба да одлучи градоначалничката Данела Арсовска.
Ова е втора иницијатива на градот за помош на Вардар, откако пред повеќе од осум месеци беше изгласано да се помогне со 250.000 евра, но тогаш одлуката не помина во Министерството за финансии.
На денешната седница беше изгласан амандман за ребаланс на буџетот за 2023 година во кој се предвидува околу 12 милиони денари да се префрлат на сметките на скопските тимови кои ќе аплицираат преку јавен повик.