Најдобриот тениски тренер откри зошто Ѓоковиќ изгубил од Алкараз


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Патрик Муратоглу, еден од најдобрите тениски тренери, смета дека Новак Ѓоковиќ загубил во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз затоа што чувствувал притисок.

Муратоглу смета дека Ѓоковиќ ќе биде под уште поголем притисок во следниот период затоа што и понатаму е фаворит на секој турнир.

„Таква е ситуацијата. Мислам дека секогаш ќе биде фаворит и затоа притисокот врз него е поголем. Алкараз не е пред него, Новак го победи на Ролан Гарос, а овој му се реваншира на Вимблдон“, кажа Муратоглу.