Бразилски фудбалер ја засили Брера Струмица


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Брера Струмица продолжи со засилувања за следната сезона, со цел да создаде квалитетна екипа со која ќе оствари подобар резултат во Првата лига.

Екипата од Струмица потпиша договор со бразилскиот фудбалер Леонардо Антонио, кој е 26-годишен играч од средниот ред со солидно искуство.

Бразилецот веќе четири сезони игра во Европа, а последната полусезона ја помина во украински Лвив, а претходно играше за Џиугас од Литванија.

Брера претходно потпиша договори со Салваторе Рибаудо, Андреј Аризаноски и Стефан Наумчевски.