Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот голгетер Килијан Мбапе се поврзува со многу тимови ова лето затоа што одби да потпише нов договор со ПСЖ и клубот го стави на трансфер-маркетот.
Тренерот на Челси, Маурицио Покетино го познава Мбапе и вели дека би сакал да соработува со него, но смета дека „сините“ не можат да си дозволат таков играч во моментов.
„Нашата реалност е поинаква. Немам што да кажам за ситуацијата за Мбапе. Го сакам ПСЖ, бев таму и како фудбалер и како тренер. Го почитувам и Мбапе. Се надевам дека ќе најдат решение кое им одговара на двете страни“, кажа Покетино.
Челси останува фокусиран на Мојсес Каиседо од Брајтон. Тимот се договори со играчот, но остануваат преговорите со премиерлигашот.