Јокиќ ќе го потпише најголемиот договор во историјата на НБА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да го добие најголемиот договор во историјата на НБА-лигата во 2026 година.

Јокиќ беше предводник на Денвер нагетс до шампионскиот прстен минатата сезона, а беше прогласен и за МВП.

Србинот има договор со Денвер на пет години и загарантирани му се 276 милиони долари, а според американските медиуми Јокиќ во 2026 година треба да стави потпис на нова соработка.

Јокиќ така би добил над 400 милиони долари, а притоа ќе ги урне сите рекорди во НБА.