Тен Хаг ќе го замени Мегваер со дефанзивец од Германија

Манчестер јунајтед води битка против Манчестер сити за потписот на Бенџамин Павар од Баерн Минхен.

Тренерот Ерик Тен Хаг сака засилување во одбраната и поради тоа планира да купи уште еден дефанзивец, па смета дека Павар ќе биде идеална замена за Хари Мегваер.

Мегваер ја загуби капитенската лента, а наскоро се очекува да биде и продаден, иако „ѓаволите“ веќе одбија една понуда за него од 20 милиони евра.

Во битката за Павар е вклучен и Јувентус, но во моментов „ѓаволите“ се во предност, а тоа го потврдува и посетата на агентите на фудбалерот на „Олд Трафорд“.