Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Челси, Маурицио Покетино потврди дека новото засилување на премиерлигашот, Кристофер Нкунку се повредил во мечот против Борусија Дортмунд.
Нкунку ова лето пристигна во Челси од Лајпциг и постигна три гола на турнејата во САД, но по само 20 минути во мечот против „милионерите“ се пожали на повреда.
Овој 25-годишен фудбалер го чекаат дополнителни медицински прегледи, а Покетино не сакаше да открие дали теренот бил виновен за повредата.
„Ризикувавме затоа што теренот не беше совршен бидејќи се користи за друг спорт, но нема да го обвинам него за повредата. Мислам дека ова е само лоша среќа“, кажа Покетино.