Дејвис постигна договор со Лејкерс - ќе биде најплатен во историјата на НБА!

Американскиот кошаркар Ентони Дејвис ќе потпише нов договор со Лос Анџелес Лејкерс на дополнителни три сезони.

Новинарот Адријан Војнаровски објави дека Дејвис ќе стави потпис на тригодишна соработка со Лејкерс, а притоа ќе заработи 186 милиони долари.

Договорот ќе важи од 2025 година, а Дејвис ќе добива по 62 милиони долари годишно и ќе биде најплатен во историјата.

Дејвис игра за Лејкерс од сезоната 2019/20, а минатата сезона во просек постигнуваше по 25,9 поени, 12,5 скокови и 2,6 асистенции.