Гвардиол потпиша за Манчестер сити, Пеп плати 90 милиони евра!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Манчестер сити го потврди трансферот на Јошко Гвардиол од Лајпциг, кој е второ засилување за „граѓаните“ во летниот преоден рок, откако претходно тие потпишаа со Матео Ковачиќ.

Премиерлигашот за трансферот на Гвардиол плати околу 90 милиони евра, а 20 отсто од профитот ќе добие и Динамо Загреб, кој претходно му го продаде хрватскиот репрезентативец на бундеслигашот.

Хрватот во дресот на „биковите“ одигра 87 натпревари, а притоа постигна пет гола и три асистенции, а најмногу внимание привлече на Светското првенство во Катар.