Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Брера Струмица славеше против повратникот во елитата Вардар со 1-0 во првото коло на македонската лига, а голот го постигна Јанкулов.
Двете екипи имаа внимателен почеток на натпреварот, а потоа Брера се закани неколку пати кон голот на Вардар, но голманот Филип Гачевски беше на висина на задачата.
Во 59. минута од натпреварот Јанкулов испрати неверојатен удар од голема далечина и го матира Гачевски за радост на струмичани.
Вардар во продолжение од средбата нападна со сите сили кон голот на домаќините, меѓутоа не успеа да најде начин како да го матира чуварот на мрежата на Брера.