Куртоа скина лигаменти – ќе ја пропушти сезоната!?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа заработил тешка повреда на тренингот на шпанскиот гигант, а медицинските прегледи покажаа дека скинал лигаменти.

Куртоа со солзи во очите на носилка бил изнесен од теренот, а веднаш потоа бил испратен на тестови кои не се добри.

„Кралевите“ остануваат без најдобриот голман за следната сезона, а се шпекулира дека Куртоа ќе паузира осум месеци, иако прогнозите се дека ќе ја пропушти цела сезона.

Шпанската екипа во следниот период мора да бара нов голман, а засега не е познато кој би бил замената за белгискиот репрезентативец.