Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да го задржи Благоја Милевски до крајот на квалификациите на Европското првенство (ЕП), иако имаше шпекулации дека ќе си замине.
На Управниот одбор на ФФМ беше донесена одлука Милевски да остане селектор уште некое време, по што ќе се решава за неговата иднина.
„Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница дискутираше во однос на работата и постигнатите резултати на македонската А репрезентација во квалификациите за ЕП 2024 под водство на селекторот, Благоја Милевски. Управниот одбор на ФФМ го почитува начелото „на стара слава не се живее“. Незадоволство од постигнатите резултати е впечатокот кои го делат и членовите кои одлучуваат за избор на селектор на националниот тим. Меѓутоа, имајќи ги предвид околностите во групата во која се наоѓа македонската А репрезентација во квалификациите за ЕП 2024, распоредот на натпревари кои следува и релативно краткото време до завршување на договорот со актуелниот селектор, е на став Благоја Милевски да продолжи со работа во националниот А тим. Договорот на селекторот трае до ноември 2023 година. Како што е убаво кога се победува, така е тешко кога се губи. ФФМ во следниот период ќе го даде најдоброто решение за репрезентацијата“, соопшти ФФМ.