Србин ќе го чува голот на Челси (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ се пресели од Њу Ингланд револушн во Челси за 14 милиони фунти и треба да му биде конкуренција на Роберт Санчез.

Петровиќ привлече големо внимание, откако беше номиниран за најдобар голман во МЛС-лигата за 2022 година, а со „сините“ потпиша договор до 2030 година.

„Се сретнав со тренерите во хотелот пред мечот со Лутон и чекам да направам нов голем чекор во кариерата. Едвај чекам да заиграм на ‘Стемфорд бриџ’“, вели Петровиќ.

Петровиќ претходно бранеше за Рудар, Пресинг, Чукарички, а минатиот април замина во САД.