Баерн ќе продава во Ливерпул, па ќе се засилува од Лондон

Баерн Минхен во финишот на летниот проден рок планира да се засили, откако претходно го продаде Бенџамин Павар во Интер, а наскоро ќе се ослободи и од Рајан Гравенбах кој има договор со Ливерпул.

Тренерот Томас Тухел е заинтересиран за Жоао Палиња од Фулам и го посочил како примарна цела во завршницата од летниот проден рок.

Фулам бара околу 60 милиони евра за трансферот на Палиња, а Баерн нема друг избор освен да го прифати предлогот од премиерлигата.

Португалецот веќе три сезони игра за Фулам, па се очекува да биде добро засилување за баварскиот гигант.