Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лондонскиот гигант Челси вчера се договори со Манчестер сити за трансфер на Кол Палмер, а денеска планира да го нападне Емил Смит Роу од Арсенал.
„Сините“ ова лето направија целосен ремонт на екипата и ангажираа голем број засилувања, по што во финишот на преодниот рок решија да се ослободат од непотребните играчи, но и да купат уште некој фудбалер.
Челси ќе плати 45 милиони евра за Палмер, додека засега не се открива колку пари е подготвен да потроши на Смит Роу од Арсенал.
Смит Роу досега настапи на 97 меча за Арсенал, а притоа постигна 11 голови во сите натпреварувања.