Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар го промовира седмото засилување за новата сезона во Првата лига.
Вардар потпиша договор со 32-годишниот Филип Дурански, кој минатата сезона го носеше дресот на Скопје, а претходно играше и за Работнички, Силекс, Хоризонт Турново, Славија Прага, Олимпијакос Никозија и уште неколку екипи во странство.
„Црвено-црните“ досега се засилија со Омерагиќ, Трајкоски, Блажевски, Алаведра, Лемос и Педрињо.
По трите порази по ред од Брера, Шкупи и Воска, Вардар минатото коло беше блиску до победа против Силекс, меѓутоа освои само бод.