Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Манчестер сити денеска го потврди четвртиот трансфер за ова лето. Во екипата од „Итихад“ доаѓа португалскиот репрезентативец Матеус Нунеш.
Англискиот шампион се договори со Вулверхемптон да плати 47 милиони фунти за да го обезбеди потписот на одличниот фудбалер.
Нунеш е четврто засилување, откако претходно „граѓаните“ потпишаа со Матео Ковачиќ, Јошко Гвардиол и Доку.
„Среќен сум што доаѓам во Манчестер сити. Не можев да ја одбијам понудата да работам со Пеп Гвардиола, кој е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот“, вели Нунеш.