Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српската кошаркарска репрезентација беше подобра од Литванија со 87-68 и избори пласман во полуфинале на Светското првенство (СП).
Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ беше задоволен од победата на своите избраници во важниот натпревар.
„Го одигравме најдобриот натпревар на првенството и нема да запреме тука. Момците заслужуваат да се борат за медал и ќе дадеме сè од себе. Утре имаме слободен ден. Ова е голема победа за Србија. Ова е победа и за Симаниќ“, кажа Пешиќ.
Србија во полуфинале ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Словенија и Канада.