Милевски: Македонија мора да биде дисциплинирана против Италија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Maкедонската фудбалска репрезентација утре од 20.45 часот во Скопје го игра натпреварот против Италија во рамки од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Благоја Милевски денеска имаше прес-конференција на која порача дека не чувствува резултатски притисок бидејќи ни гостува една моќна селекција која секако ќе ја има фаворитската улога.

„Кога играте со противник како што е Италија, не чувствуваме резултатски притисок, но како и во секој друг натпревар имаме голема желба за победа. Не се согласувам дека не игравме добро во претходните два натпревари, со Украина имавме одлини 60 минути. Италија доаѓа со нов селектор, кој покажа што може и секако дека ќе биде еден голем предизвик. Се надевам на добра игра од наша страна. Македонија утре треба да биде тактички дисциплинирана и тркачки спремни, мораме да бидеме и тимски спремни, како и што секогаш во минатото сме биле. Ова се истите момци секогаш се на располагање и да се стават во функција на тимот“, кажа Милевски.