Барди: Чест ми е да бидам капитен на Македонија!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонија утревечер од 20.45 часот ќе се соочи против Италија во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Капитен на натпреварот ќе биде Енис Барди, кој ја презема улогата по повлекувањето на Стефан Ристовски од националниот тим.

„Ова е голема чест за мене да бидам капитен на Македонија. Репрезентацијата има многу лидери кои заслужуваат ваква улога“, кажа Барди.

Барди посочи дека атмосферата во репрезентацијата е одлична и се надеваат на добар резултат против „аѕурите“.