Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија вчера славеше со 2-0 против Малта, а претходно ремизираше со Италија (1-1) и така се зголемија шансите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година.
Репрезентацијата на Македонија има седум бодови, колку Украина и Италија, но ѝ претстојат нови дуели против Англија, Италија и Украина.
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски кажа дека мора да ги победиме големите репрезентации ако сакаме место на ЕП.
„Одлично е кога ќе се постигне гол во рана фаза против репрезентација која сака да се брани. Имаме ист број бодови со Украина и Италија, но ако сакаме да играме на ЕП, мора да ги победиме големите селекции“, кажа Миовски.