Поранешен НБА кошаркар се сели во Баерн Минхен


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот шпански репрезентативец Серж Ибака се сели во евролигашот Баерн Минхен и се очекува да биде големо засилување во новата сезона.

Ибака потпиша едногодишен договор со опција да го продолжи за дополнителна сезона, доколку се договорат двете страни.

Искусниот кошаркар ја почна кариерата во Интер Клуб од Конго, а потоа играше за Реал Мадрид, Оклахома сити тандер, Орландо меџик, Торонто репторс, Лос Анџелес клиперс и Милвоки бакс, а во минатата сезона во НБА во просек постигнуваше по 4,1 поен, 2,8 скокови и 0,3 асистенции по натпревар.